Ова е официјалната веб страна на Радио 105 Актуел Бомбардер од Битола на која што можете да најдете информации за нас а исто така преку оваа страна ви е овозможено слушање на Радио 105 во живо директно од нашето студио. Ова радио постои веќе 20 години, зрачи на бранова должина од 100,5 МHz FM и ја покрива територијата на град Битола и повеќето општини околу неа а исто така можете да ја следите и преку интернет доколку кликнете тука --->Радио 105 живо.
За да можете да ја слушате нашата програма преку интернет потребен ви е WinAmp Player или некоја друга програма за слушање на музика. Доколку го немате WinAmp плеерот можете да го симнете од тука.
Со одлична игра на теренот, со феноменална публика на трибините, ракометната репрезентација на Македонија го постигна својот историски успех на Европското првенство во Србија.
Комисијата за комунални дејности при Советот на општина Битола излезе со список на 60-тина нови имиња на улици, а според предлогот ќе се преименуваат улиците кои носат имиња поврзани со еден цел период од историјата.
По извонредниот прием, што неодамна се случи во Битола, кога претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за првпат откако Република Македонија е независна држава, ги прими дипломатите во Битола, претседателот Иванов со писмо му упати честитки на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, за извонредната организација.
Арената “Чаир“ се тресеше, публиката полуде, играчите славеа на теренот, целиот притисок падна од нив – останатото беше голема македонска забава со минути долго скандирање. Сето тоа благодарение на трилерот што заврши со заслужени 27:21 и квалификувањето на Македонија во главната рунда во Белград, објави Европската ракометна федерација.
Припадници на Единицата за специјални задачи “Тигар“ во соработка со хелихоптерската единица при Министерството за внатрешни работи, утринава ги извлекоа планинарите кои неколку дена беа заглавени на планината Караџица.
Киро Глигоров ќе биде погребан денеска во 13 часот на гробиштата во Бутел во Алејата на великаните. Според последната желба на првиот претседател на независна Македонија, погребот ќе се изврши во кругот на семејството. Владата го прогласи денешниот ден за Ден на жалост.
Денешниот отворен ден во основното училиште беше посветен на здравата храна, а сите се надеваат дека ваков начин на презентација на храната ќе допринесе за поздрав начин на исхрана на учениците.
Директорот на ЈП “Водовод“ од Битола, Зоран Илиовски денес одржа традиционална предновогодишна прес-конференција на која ги соопшти резултатите од сработеното за годинава која изминува.
Делегација од Средното општинско училиште “Таки Даскало“ од Битол, предводена од директорката Анита Ангелевска, неодамна, беше во работна посета на Романија.